ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По обдукцијата на телата ќе се знае дали е потребна ДНК анализа, велат од Судска медицина

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во изјава за Сител изрази очекување дека обдукцијата на телата на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово да заврши денеска.

„Формирани се тимови кои работат на обдукција и идентификација на телата. Очекуваме обдукцијата да заврши денеска, додека идентификација ќе се обидеме да ја направиме тоа што е можно поскоро и жртвите да им ги предадеме на семејствата“, рече Станков.

Тој појасни дека по завршувањето на обдукцијата ќе се знае дали има потреба од ДНК анализа за идентификација на жртвите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button