ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

По огромното поскапување на горивата, таксистите велат дека работат само за леб

Жолтите автомобили се сѐ поретки во главниот град. Енормното поскапување на горивото ги остави таксистите речиси без работа. Неколкуте што ги сретнавме рекоа дека напорно работат за да ги покријат трошоците. Секој од нив вели дека со поскапувањето на нафтата секој ден трошат по илјада денари и на крајот од денот едвај заработуваат за два леба да однесат дома. Велат дека не го вклучуваат таксиметарот.

Advertisements

„За нафта трошам околу 5-6 илјади денари неделно“, вели еден таксист.

„Во никој случај не заработуваме. Што да се прави, да се остане дома уште попроблематично. 1.000 денари на ден, за една недела 7.000 денари. Каде ти е тука профитот? Никаде!“, додава еден таксист.

Од Такси Синдикатот велат дека поднеле барање за поскапување на почетната цена за 10 денари и плус 5 денари за километар, поради, како што велат, двојно зголемување на цената на горивото. Од овој Синдикат велат дека и тие купуваат деривати како крајни потрошувачи и немаат тарифни олеснувања како другите превозници. Сега стартот на такси-возилата во Скопје е 40 денари и 30 денари за километар.

Континуираното поскапување на горивата доведе до неколкукратно зголемување на билетите за меѓуградски превоз во рок од три месеци. Билетот кој чинеше 100 денари, сега е 170 денари. Од друга страна, најавено е поскапување на билетите за јавниот превоз. Возачите од ЈСП „Скопје“ го откажаа протестот што го најавија минатата недела поради ниските плати и лошите услови за работа. Како што велат од трите синдикати, договорот е остварен со зголемување на платата за 2.800 денари од јунската плата.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button