РЕГИОН
По откажувањето на посетата на Лавров, Вучиќ на итна средба со рускиот амбасадор

Во неможност да се сретне со рускиот шеф на дипломатијата, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со рускиот амбасадор, Александар Ботсан-Карченко.
Според Канцеларијата за медиуми на Вучиќ, средбата ќе се одржи во 10:00 часот во српското претседателство.
Средбата Вучиќ-Харченко ќе се одржи еден ден откако не успеа посетата на рускиот шеф на дипломатијата на Белград Сергеј Лавров, откако државите со кои граничи Србија го затворија воздушниот простор за прелет на авионот на Лавров.