МАКЕДОНИЈА
По отпорот од семејствата да не се врши обдукција на жртвите, постигнат договор со надлежните институции

Членовите на семејствата на повредените остануваат во дворот на болницата во Кочани, но сега ситуацијата е помирна од претходно, кога тие енергично застанаа против обдукција на телата на жртвите, пишува Алсат.
Роднините на настраданите постигнаа договор со надлежните институции и дозволуваат телата да бидат испратени на обдукција, но остануваат во дворот на болницата за да добијат подетални информации.
„Членовите на семејствата претходно се обидоа да го блокираат патот за да ги спречат да ги испратат жртвите“, јавува новинарот на Алсат, Авни Тахири.