ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По пазарите месо и млеко се продава на отворено

На високи температури над 40 степени на пазарот има места каде млечните и месните производи се продаваат на отворено.

Луѓето се загрижени за безбедноста на храната што ја купуваат. Тие се обидуваат да избегнуваат месо и млечни производи, поради страв од какво било можно труење.

„Воопшто не користам месо, користам млеко бидејќи живеам во село и го носат свежо, го користам секој ден…Не верувам на млекото од пазар, бидејќи не им верувам….Се расипува, треба да се свари и да се стави во фрижидер, види го овој тој е тука цел ден денес, денес не може да го продаде, утре пак ќе го изнесе истото млеко…, еднаш бев отруен од млеко… Добив тровање, и веќе не земам кај нив”, вели еден граѓанин.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека на пазар не смеаат да се продаваат продукти кои не ги исполнуваат стандардите

Директорот Николче Бабоски, вели дека засилени контроли се вршат на сите пунктови каде што се обезбедува храна, а досега се констатирани 1.850 прекршоци.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги повикува граѓаните да внимаваат од каде купуваат .

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button