СВЕТ

По победите на „супервторник“, Трамп го предизвикува Бајден на ТВ-дебата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден на телевизиска дебата, пренесува Би-би-си.

По гласањето на „супервторник“ и двајцата ривали ги постигнаа очекуваните победи на внатрепартиските избори, а сега е сè поизвесно дека ќе бидат ривали во трката за шеф на Белата куќа, на изборите кои се закажани за ноември годинава.

Како што јавува Би-би-си, републиканецот Трамп изјавил дека ќе учествува на ТВ-дебата со Бајден, од Демократската партија, објавувајќи дека на тоа е подготвен, како што изјавил, во секое време и на кое било место.

Засега не е договорена телевизиска дебата меѓу Трамп и Бајден пред изборите во ноември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button