ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) По половина век Русија го лансираше првото вселенско летало на Месечината

Ноќта меѓу четвртокот кон петокот, Русија го лансираше своето прво вселенско летало кон Месечината по 47 години. Ракетата со сондата Луна-25 полета во 2:10 часот по московско време од космодромот Восточни на Далечниот Исток. Последната руска мисија на Месечината беше извршена во 1976 година за време на Советскиот Сојуз со вселенската сонда Луна 24.

Advertisements

Русија ќе се обиде да биде првата земја што ќе слета на јужниот пол на Месечината, област за која се верува дека содржи мраз. Се очекува Луна-25 да слета на Месечината на 23 август, пренесува агенцијата АП.

Кога ќе слета на Месечината, Луна-25, тешка 800 килограми, ќе има задача да зема примероци и да ја анализира почвата и да спроведува долгорочни научни истражувања најмалку една година, соопшти руската вселенска агенција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button