СПОРТФУДБАЛ

По постигнатиот хет-трик, Дориев е играч на месецот во Узбекистан

Mакедонскиот крилен напаѓач Љупче Дориев игра извонредно на стартот од сезоната во дресот на Согдиана, во узбекистанскиот шампионат.

Advertisements

По последниот хет-трик за Согдиана, со што стана и втор футбалер од Македонија со хет-трик во првенството на Узбекистан, по поранешниот репрезентативец Стевица Ристиќ, Дориев е избран за фудбалер на месецот.

Изминатиот месец одигра пет натпревари за Согдиана и постигна дури седум гола, издвојувајќи се во првенството пред сите останати фудбалери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button