ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По празниците разврска за прекршувањата и навредите од судијката Манев

Судскиот совет го објави записникот од седницата на 13 март на која се разгледуваше извештајот за посетата на Судот во Куманово, во кој се констатирани бројни правни прекршоци од страна на претседателката Снежана Манев и националистички пристап кон нејзините колеги Албанци кон кои е обратила со „шиптари“. Во записникот се констатира дека членовите имаат различни мислења, и извештајот бил усвоен со мнозинство гласови, но веќе еден месец не се преземени конкретни мерки против неа.

Advertisements

„Утврдено е дека со 8 гласа „за“ и 4 гласа „против“ се усвојува извештајот“, се наведува во записникот од седницата на Судскиот совет.

Прашањето што се поставува во овој случај е како усвоен извештај со прекршувања и манипулации на АКМИС системот и непочитување на законските процедури за организирање на предмети и судии остануваат несанкционирани макар и со дисциплински мерки. Од Судскиот совет се уште нема одговор дали координаторот на Основниот суд Куманово, Ханиф Зендели, презел конкретни чекори, иако во неофицијални околности се зборува дека од вторник може да се очекуваат конкретни чекори. Од Здружението на судии на Македонија не го коментираа пристапот, навредите и прекршувањата на АКМИС системот. Според законот, кога се расправа за дисциплинската мерка на судија, тие се должни да учествуваат на седниците на Судскиот совет.

Министерот за правда Кренар Лога на 11 март упати барање до Судскиот совет за преземање итни мерки против в.д. претседателка на судот во Куманово. Барањето се заснова на извештајот на самиот Судски совет, а се однесува на законските прекршувања и националистичкиот пристап кон судиите Албанци и вработените кои ги нарекува „шиптари“, „неспособни“ и „говеда“. Случајот на Манев е адресиран и до дипломатските претставништва во земјава.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button