ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По прилогот на Алсат Шуто Оризари најде пари за чистење на дивата депонија

По прилогот на Алсат Шуто Оризари најде пари за чистење на дивата депонија

Општина Шуто Оризари ги направи првите чекори за чистење на нелегалната депонија која со години ги мачи жителите на оваа општина. Градоначалникот Курто Дудуш уверува дека е одвоен буџет од 2,5 милиони денари и веќе е избрана фирма која ќе треба да го исчисти отпадот. Сепак, доделената сума не е доволна за чистење на целата депонија, па приоритет ќе биде областа најблиску до куќите.

Advertisements

Градоначалникот вели дека најдобро би било сосема да се исчисти целата област за потоа полесно да се контролира кој загадува. Многу пати инспекторите фаќале на дело како на тоа место се истураат цели камиони со смет при што имало и кавги, па општината немала начин како сама да се справи со овој проблем.

Повеќето жители чии домови се најблиску до депонијата имаат здравствени проблеми, не можат да ги отворат прозорците за да ги проветрат куќите, облека постојано ја сушат дома и страдаат од проблеми со дишењето.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button