По прилогот на Алсат за доцнењето на судскиот процес за сообраќајната несреќа на автобусот на Дурмо турс во скопско Ласкарце, Апелациониот суд закажа јавна расправа за 2 и 3 април годинава
По прилогот на Алсат за доцнењето на судскиот процес за сообраќајната несреќа на автобусот на Дурмо турс во скопско Ласкарце, Апелациониот суд закажа јавна расправа за 2 и 3 април годинава

По прилогот на Алсат за доцнењето на судскиот процес за сообраќајната несреќа на автобусот на Дурмо турс во скопско Ласкарце, Апелациониот суд закажа јавна расправа за 2 и 3 април годинава. Пред шест години во несреќата животот го загубија 16 лица, а 38 беа повредени.
Семејствата на жртвите и повредените со години бараат правда, но правдата во овој случај оди бавно. Беа потребни пет години за да се заврши првостепениот судски процес, но тој се уште не е конечен бидејќи странките ќе се соочат по жалба. Според првостепената пресуда, за трагичната несреќа виновни се вкупно 6 лица, почнувајќи од возачот Маноил Трифуновски, осуден на 14 години затвор и сопственикот на фирмата Дурмо турс, Дурмиш Белули, кој е осуден на 4 години. Управителот на фирмата Ремзи Мифтари е осуден на 6 години затвор, а вработените во техничката контрола Игор Ѓеорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бабаровски се осудени на по 5 години затвор. Во текот на судењето сите обвинети се обвинуваа меѓусебно.