Екипата на Гостивар не го оправда епитетот на фаворит против дебитантот во ПМФЛ, екипата на Беса, а тоа ќе значи нов тренер за време на репрезентативната пауза.
Некогашниот репрезентативец Муарем Муарем ја одработуваше тренерската задача во таборот на гостиварчани заедно со Блажо Панов, но ќе следат промени. Гостивар според најавите ќе добие нов стратег со кој ќе го нападне врвот на табелата во ПМФЛ, но и Купот.
Турскиот сопственик изгради респектабилен тим на Гостивар, па затоа и амбициите се високи. Во тимот има високо платени ѕвезди и затоа сите очекуваат висок дострел, барем оваа сезона во која Гостивар игра добро. Се очекуваат информации од клубот во следните денови за тренерската позиција во Гостивар.