По САД и Британија повлекува дел од персоналот од амбасадата во Украина

НАТО започна офанзива за зголемување на воената артилерија. Данска, Холандија, Шпанија и Бугарија одговорија на барањето на Алијансата да помогнат во испораката на борбена опрема, вклучувајќи носачи на авиони и борбени авиони. Франција одговори на повикот на Алијансата со испраќање војници, додека САД ја разгледуваат опцијата да испратат војници за да ѝ помогнат на Алијансата. Генералниот секретар Јенс Столтенберг, изјави дека Северноатлантската алијанса нема да дозволи да бидат повредени сојузниците и дека НАТО е подготвен да го брани источниот дел на Европа.
„Го поздравувам дополнителниот придонес на сојузниците. НАТО ќе продолжи со посебна посветеност да ги заштити сите сојузници, вклучително и зајакнување на источниот дел од алијансата. Ќе интервенираме против секое нарушување на безбедноста на нашата средина, вклучително и зајакнување на колективната заштита “, порача Столтенберг.
Министрите за надворешни работи на ЕУ, во текот на денот донесоа заклучоци во врска со она што тие ги сметаат за „закани“ на Русија и Украина. Во овие заклучоци, Советот на Унијата ги осудува континуираните агресивни дејствија и закани на Русија против Украина, и ја повикува Русија да не ја ескалира ситуацијата, да го почитува меѓународното право и конструктивно да се вклучи во дијалогот преку воспоставените меѓународни механизми.
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, јавно го објави пакетот финансиска помош за Украина во форма на итни заеми и грантови. Прво, Комисијата предлага нов пакет за итна макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Пешков, изјави дека руската акција не зависи од нив, туку од однесувањето на НАТО и САД.
САД и Велика Британија, одделно од земјите на ЕУ, најавија заминување од Украина на дел од нивните амбасади, потег што Киев го опиша како „предвремен“, бидејќи загриженоста се зголеми по собирот на илјадници руски војници на границата со Украина.
Адријан Керими