ЗАБАВА

По сè изгледа дека некои предмети во домот имаат рок на траење


Сите ние сме свесни кога некоја храна во фрижидерот треба да се фрли. Забележуваме заради мирисот или изгледот, а секако потоа оди во корпата за ѓубре.

Но, во домот, покрај храната, има одредени работи кои исто така имаат рок на траење за кој не сме свесни.

Во бањата

Сунѓерите за капење мора да се менуваат на две недели, а луфата за туширање на 6 месеци – пред да почнат да фаќаат мувла. Но, не се грижете, не треба постојано да купувате нови верзии од нив, можете само да ги зовриете за да ја отстраните мувлата и толку. Крпите за бришење мора да се менуваат на еден или три дена максимум.

Следни се пешкирите. Заради избегнување на бактерии треба да се сменат  со нови на една или три години, во зависност од тоа колку биле употребувани.

Во спалната

Перниците треба да се менуватт на 2 до 3 години бидејќи нивната форма се менува. Како што го губат првобитниот облик, така предизвикуваат болка во вратот. Дури и папучите треба да се менуваат 2 пати годишно за да се спречи појава на габична инфекција на нозете. За време на тој период потребно е да се перат редовно за да се намали можноста за појава на инфекција.

Нега и убавина

Четките за коса исто така бараат одржување. Мора да се чистата еднаш неделно и да се менуваат еднаш годишно. Освен ако не поседувате четка со природни влакна, во тој случај мора да ја менувате на 7 месеци.

Парфемите пак, кои содржат есенцијални масла можат да траат 3 години ако веќе се отворени. Тоалетните води можат да траат 4 години.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button