ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
По снежните врнежи, во последните 24 часа 5 лица со скршеници побарале помош во Ургентниот центар
По снежните врнежи, во последните 24 часа 5 лица со скршеници побарале помош во Ургентниот центар

По снежните врнежи, во последните 24 часа 5 лица со скршеници побарале помош во Ургентниот центар. Од таму додаваат дека се подготвени да се справат со ситуацијата и велат со појавата на голомразица, ќе се зголеми бројот на пациенти. Д-р Ќерим Шазивари вели дека најчесто примаат пациенти со повреди на долните екстремитети.
„Поради снежните врнежи луѓето излегуваат помалку и фреквенцијата на пациенти е помала, но имавме 5 пациенти примени во нашата клиника поради скршеници. Бројот се очекува да се зголеми поради појавата на голомразица и луѓето ќе излегуваат почесто и очекуваме бројот да се зголеми. Најчесто примаме пациенти со повреди и скршеници на долните екстремитети“, рече др. Ќерим Шазивари.