ВЕСТИРЕГИОН

По сообраќајката во Бугарија: Сопственикот на српскиот автобус доби 99, а закупецот четири казни за тешки прекршоци

Сопственикот на српскиот автобус кој падна во ендек на автопатот „Тракија“ во Бугарија на 14 август доби 99 казни за тешки прекршоци, а закупецот на автобусот е казнет со четири казни за тешки прекршоци, објавуваат српските медиуми.

Advertisements

„Припадници на сообраќајната полиција извршија надзор над правното лице – сопственикот на тоа возило, како и претприемачот кој е корисник на автобусот по договор при што, правното лице – сопственик на возилото е констатирано дека сторил прекршоци од Законот за работното време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографите, за што му се изречени 99 прекршочни наредби со глоба во вкупен износ од 3 510 000 динари како и барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, соопштија од српското Министерството за внатрешни работи.

Надзорот кај корисникот на возилото по договор за закуп, кој инаку поседува важечка дозвола за превоз на патници, констатирани се прекршоци од Законот за работно време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографи, за што му се изречени четири прекршочни казни со вкупна глоба од 420 000 динари, а поднесено е и барање за поведување прекршочна постапка по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Според Обвинителството техничкиот преглед е завршен и ништо не укажува дека автобусот е неисправен, а најверојатно причина за несреќата е човечка грешка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button