ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По средното образование учениците сакаат да ја напуштат државата

Поголемиот дел од учениците по завршувањето на средното училиште сакаат да ја напуштат земјата. Ова го изјави вицепремиерката за креирање добри политики, Славица Грковска. Според неа, од разговорите што ги имаат со младите, тие рекле дека не му веруваат на системот.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, рече дека во моментов нема статистика за тоа колку е намален бројот на ученици во средните и основните училишта.

„Минатата година за прв пат имавме пријавувања на ученици во основните и средните училишта на онлајн пријавите за попис, при што се покажа дека со години има иселени ученици, а во општините има значително намалување на бројот во основните училишта, но како феномен тоа е така со години. А онлајн пријавувањето го покажа тоа во оваа и минатата учебна година“, рече Шаќири.

На тркалезната маса на тема „Антикорупција во образованието – пристап и предизвици“, меѓу другото, беше речено дека корупцијата во образовниот систем е проблем кој ги саботира шансите за позитивен чекор напред, при што како примери беа наведени чувствителноста на педагошкиот кадар на притисоци, неправедни постапки и двојните стандарди.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button