ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„По свадба – тапани“, училиштата почнуваат да ги пополнуваат свидетелствата за лани

По неколкумесечно задоцнување, Бирото за развој на образованието конечно го затвори прашањето за недостигот на свидетелства. Имено, учениците се уште си ги немаат земено свидетелствата на минатата учебна година. Како што ни рече директорот Зекирија Хасипи, од 17 август основните и средните училишта почнале да добиваат свидетелства, а на учениците ќе им се делат во зависност од одлуката што секое училиште ќе ја донесе засебно. Од друга страна, наставниците кои пред крајот на учебната година ги завршија сите постапки со оценувањето на учениците, ги чекаа свидетелствата. Според наставничката Сузана Јакупи Курбардовиќ, свидетелствата се веќе креирани електронски врз основа на електронскиот дневник. Таа додаде дека не е исклучена можноста тие во оваа форма да им бидат поделени на учениците, но како што рече, конечната одлука останува на соодветните институции.

Advertisements

„Како што одминува времето, сè се дигитализира, почнувајќи од дигиталните учебници што треба да почнат во 2021-22 година, се чини дека и работата за издавање на свидетелства ќе оди дигитално. Меѓутоа, се чини дека давањето на свидетелствата си носи емоции и кај нас наставниците, но и кај учениците. Традиционалното давање на свидетелствата има големо значење.“

За ваквата состојба ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта, односно надлежниот ресор.

„Десет дена пред почетокот на учебната година, Царовска потфрли со свидетелствата кои сè уште не се напишани и најверојатно ќе бидат напишани во последен момент.“

„Наместо да се занимаваат со пуштање лажни вести и создавање неизвесност кај граѓаните во врска со подготвеноста на институциите на системот и училиштата за организирање на учебната година, би било добро ВМРО-ДПМНЕ конечно да покаже капацитет и да се вклучи во процесите во интерес на учениците и обезбедување непречено образование во услови на пандемија.“

За учебната 2020-21 година, свидетелства добија само полуматурантите кои конкурираа во средните училишта, како и учениците кои требаше да заминат на образување во странство.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button