ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По три недели од пожарот, Обвинителството формира „работна група“ за Тетово

По тринеделниот молк од предистражната постапка за тоа како избувна пожарот во тетовската модуларна болница, Јавното обвинителството формира работна група за овој случај, дознава Алсат. Обвинители од гостиварското и од скопското Вишо јавно обвинителство ќе бидат дел предистражната постапка, потврдуваат за Алсат од Јавното обвинителство.

Advertisements

„Ве известуваме дека се определени четири јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство Гостивар и Вишото јавно обвинителство Скопје, но не за контрола, туку за евентуална помош доколку обвинителите што ја водат постапката сметаат дека им е потребна, како и за консултација по определени прашања во постапувањето“, наведоа од Јавното обвинителство.

Инаку, со петте јавни обвинители од тетовското и скопското обвинителство и приклучувањето на вишите обвинители, сега на предистрагата за опожарената модуларна болница во Тетово, работат девет обвинители. Но, за јавноста и по три недели останува нејасно од што настанал пожарот.

„Во тек е интензивно преземање на дејствија за прибирање на материјални и вербални докази…“, додадоа од Обвинителството.

Ниту од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција досега нема информации за јавноста. Не е утврдено дали евентуално била прекршена постапката за набавка на модуларните болници, не се знае ни кој вршел надзор врз нивното градење. Во големиот пожар вечерта на 8 септември загинаа 14 лица, од кои 12 беа хоспитализирани пациенти со ковид.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button