ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По три недели пуштена е автопатската делница за влез во Охрид

По три недели пуштена е автопатската делница за влез во Охрид

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, без да ги информираат новинарите, извшиле увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид и според нивната пи ар служба – повторно го отвориле автопатот за влез во Охрид. Но додека Алсат беше таму, забраната се уште беше на сила.

Advertisements

„И покрај најавите од охридската полиција дека денес во 11 часот ќе биде пуштен повторно во употреба делот од автопатот Охрид Кичево од Подмоље до влезот на Охрид, сега сме некаде веќе 12 часот тоа се уште е направено. Атомобилите и автобусите повторно сообраќајат по стариот пат Охрид Струга“, известува Мики Трајковски новинар.

Оваа автоапатска делница беше затворена за сообраќај скоро три недели поради градежни активности на изградба на клучката кај Охрид, па сообраќајот беше пренасочуван по стариот пат Охрид Струга. Сепак возењето и натаму ќе биде можно само по едната коловозна лента, бидејки на другата се уште се работи, иако не се поставени заштитни огради. Од она што може да се види освен на влезот на Охрид, каде е поставен нов асфалт, на останатиот дел е речиси исто како и пред затворањето.

„Ние мештаните се соочуваме со тешки проблеми. Може да се каже дека
многу тешко одат работите и јас не верувам особено на властите сега дека ова ќе го завршат до дадениот термин.Нема ден да нема сообраќајна незгода на автопатот Охрид Кичево, посебно во близината на аеродромот. Катастрофа е. Патот е само дупку, се пополнуваат само ради формалност.Што значи дека многу опасно е загрозен човечкиот живот“.

„.Јас живеам странство, секоја година идам. Осум години се прави и мислам дека уште осум нема да се заврши. Ист е промена нема никаква“.

„Еден работи десет седат“.

Сопствениците на бизниси, хотели, кои се наоѓаат од излезот на Охрид до Подмоље, во моментот не работат, велат дека ќе ја тужат државата поради претрпени штети од неработењето додека се работи.
Властите постојано ветуваат дека со подобрувањето на временските услови, ќе се засилат градежните активности на терен, и оти на терен има 900 работиници, но ветувањето никако да се оствари. Автопатот почна да се гради во 2014 година.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button