ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По турбулениците во Влен, Мицоски на средба со коалициските партнери

По турбулениците во Влен, Мицоски на средба со коалициските партнери

Премиерот Христијан Мицкоски ќе разговара со коалициските партнери по разделбата на партнерите во ВЛЕН. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во интервју за Алсат изјави дека не се радуваат на турбуленциите во коалицијата ВЛЕН, бидејќи политичката компактност беше силен адут за стекнување на довербата од избирачите наспроти СДСМ и ДУИ.

Advertisements

И за другиот владејачки партнер, односно движењето ЗНАМ, превирањата во ВЛЕН не се закана за стабилноста на Владата. Сепак, тие испраќаат порака дека секој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата.

„Секој кој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатливо да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ„, велат од ЗНАМ.

Во текот на вчерашниот ден, лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, најави преиспитување на договорот за коалицијата ВЛЕН со владините партнери, по заминувањето на Таравари. Касами верува дека ова не значи политичка криза и предвремени избори, бидејќи бројките гарантираат стабилна влада.

„Секако, во новонастанатите околности ќе побараме од премиерот да ја преиспитаме коалициската спогодба. Останатиот дел останува да се дискутира – како ќе продолжи натаму форматот на владата. Но, ние како ВЛЕН, секако ќе побараме повторно да седнеме и да разговараме за позициите во владата. Има поединци и политички субјекти од опозицијата кои се подготвени да бидат дел од парламентарното мнозинство“, рече Билал Касами, претседател на движењето БЕСА.

Од друга страна, Арбен Таравари во неколку јавни настапи потенцираше дека ќе остане во владата сѐ додека неговото заминување не биде побарано од премиерот Христијан Мицкоски./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button