ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По утринската магла, сончево и умерено облачно во текот на денот

По утринската магла по котлините, во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која ќе се зголемува во попладневните часови, најавува УХМР. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 4 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 7 до 15 степени.

Advertisements

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе се зголемува од попладнето. Температурите ќе се движат од минимални 0 до максимални 10 степени.

Според УХМР, до петок претпладне ќе се задржи стабилното и релативно топло време преку денот, а од петок попладне нè очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button