ВЕСТИРЕГИОН

По вчерашните инциденти, за денеска најавена шестчасовна блокада на Белград

Студенти и млади луѓе кои се поддржувачи на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград поради, како што тврдат, кражба на изборите кои се одржаа на 17 декември.

Advertisements

Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, пренесува агенцијата Бета.

Според нив, протестот ќе трае еден час, колку што ќе му дадат на министерството да одговори на нивните барања, по што ќе блокираат две сообраќајници, чии локации не ги откриваат „поради безбедносни причини“.

Блокадата, како што најавија, ќе почне во 12 и ќе трае до 18 часот, а секоја наредна би можела да биде и подолга доколку не се исполнат нивните барања.

Протестите поради изборни нерегуларности започнаа на 18 декември, еден ден по изборите, а се одржуваат секој ден во 18 часот пред седиштето на Републичката изборна комисија.

На тие протести повикаа претставниците на листата „Србија против насилството“ кои бараа поништување на изборите на сите нивоа обвинувајќи за изборна кражба. Неколкумина од нив почнаа и штрајк со глад.

За денеска не е потврдено дали ќе се одржи и тој протест. Претставникот на листата „Србија против насилството“, Павле Грбовиќ, изјави дека средбата на опозицијата на која ќе се разгледуваат понатамошните чекори било планирано да се одржи синоќа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button