ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
По вчерашното одложување, денеска започна увидот во Основниот суд во Куманово

Увидот во Основниот суд во Куманово ќе треба да ги покаже причините за пожарот кој избувна пред два дена во подрумските простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Увидот се спроведува со основен јавен обвинител од Скопје, а ќе присуствува и дежурен обвинител од Куманово, увидни екипи од СВР Куманово и кримтехника од Скопје, како и електроинженери и инспектор за пожари.
Увидот во кумановскиот суд, првично требаше да се спроведе во текот на вчерашниот ден, но беше одложен по укажувањата на противпожарната единица биле дека се уште не е безбедно да се влегува.