ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По вторпат одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Почетокот на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, кој се случи пред една година и во кој животите ги загубија 14 луѓе, денеска се одложи по вторпат откако претходно не се одржа во закажаниот термин на 6 септември.

Advertisements

Овој пат причината за одложувањето на рочиштето е поради тоа што двајца од обвинетите – Бобан Вучески и Артан Етени немаа обезбедено адвокати кои ќе ги бранат во процесот.

Поради тоа, судијата Јордан Велковски го одложи судењето за 8 ноември во 10 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button