По завршувањето на големата акција, во текот на денот полициските сили заедно со армијата извршија детални проверки на имотот на Џелал Ајети
По завршувањето на големата акција, во текот на денот полициските сили заедно со армијата извршија детални проверки на имотот на Џелал Ајети

Специјални полициски сили, припадници на армијата, со детектори и кучиња беа распоредени на неколку имоти на Џелал Ајети, познат како Џелал Беланоца. Присутни беа и багери кои со часови копаа во имотите на Беланоца.
Освен под земја, претреси биле извршени и на покривот на еден од објектите во сопственост на Беланоца. Полицијата ги блокираше патиштата и со часови пребаруваше во куќата на семејството на Џелал Беланоца.
Неофицијално, Алсат дознава дека во куќата биле сопругата, ќерката, снаата и внуците на Беланоца. Претресот бил вршен зад затворени врати, додека полицијата спречила други лица да влезат во куќата. На повеќе локации во овој регион е забележано присуство на зголемени полициски сили.
Групата Беланоца се поврзува со трговија со наркотици, додека водачот на бандата е осуден со одлука на Апелациониот суд на вкупно 11 години затвор за трговија со дрога. Групата Беланоца е позната и по ривалството со групите Грчец и Дуќанџик. Ривалството започна во 2010 година каде имаше бројни инциденти, убиства и бомбашки напади меѓу одделните кланови. Судирите се интензивираа кога во ноември 2013 година во чајџилницата „Те Џела“ во Ченто беше убиен 46-годишниот Џелал Ајети. Убиецот маскиран и вооружен влегол во чајџилницата и со 30 куршуми го убил Ајети. Џелал Ајети, познат како Џелал Беланоца, во тоа време бил познат лихвар и влијателна личност во нарко подземјето./Aлсат.мк
Ајнур Бафќари