СПОРТ
Поарие го победи Мекгрегор со технички нокаут

Американецот Дастин Поарие, е победник на вечерта „УФЦ 264“, откако со технички нокаут го совлада Ирецот Конор Мек Грегор, во меч кој се одржа во Лас Вегас. Во третиот меч помеѓу двајца познати УФЦ борци, Ирецот Конор МекГрегор ја скрши левата нога на крајот од првата рунда. Во меѓувреме, главниот судија по консултација со судиите и лекарскиот тим, реши дека победата е на Дастин Поарие. Поарие ја забележа 28-та победа, а има и 6 порази и една нерешена борба, и сега добива право да се натпреварува за титулата шампион во лесна категорија, која остана „празна“, по повлекувањето на Нурмагомедов.