ЕКОНОМИЈА

Побарано поскапување на струјата, за сметка од 1.000 денари, екстра 50 денари

Енергетските компании од Македонија побараа од Регулаторната комисија за енергетика зголемување на цената на струјата за крајните потрошувачи. Од МЕПСО кој го има преносниот систем, побарале да добијат зголемување на нивниот удел од 140 отсто или тие годинава добиваа 3,5 отсто од сумата на една сметка или околу 35 денари на сметка од 1.000 денари. Ако регулаторот им го прифати новото барање, би добивале по 80 денари од сметка од 1.000 денари. Компанијата НЕМО која е задолжена за организација на пазарот со електрична енергија побарала зголемување за 45 насто. Тие сега добиваат 0,59 отсто од колачот. Електродистрибуција пак, побарала раст од 0,95 отсто.

Според регулаторот, доколку се прифатат сите трошоци кои ги доставиле енергетските компании за сметка од 1.000 денари, струјата ќе поскапи за  околу 50 денари. Но, од регулаторна напоменаа дека веќе утврдиле оти има ставки кои нема да ги признаат.

Регулаторната комисија за енергетика може да влијае на 38 отсто на крајната цена на електричната енергија, а не може да влијае на 62 отсто. Што значи тоа? Регулаторот може да каже колку од колачот ќе добијат МЕПСО и Електродистрибуција, а не може да потенцира колкав ќе биде уделот на ЕСМ, којашто е производител на електрична енергија и онаа струја којашто се добива од обновливи извори на енергија. ЕСМ на тендер треба да понуди 70 отсто од струјата потребна на ЕВН ХОУМ кој е Универзален снабдувач за граѓаните со електрична енергија.

До крајот на јуни Регулаторната комисија за енергетика ќе ги анализира трошоците на компаниите од енергетскиот сектор и ќе донесе одлука дали ќе има зголемување на цената на струјата или не. Лани таа поскапе за 7,4 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button