СПОРТФУДБАЛ

Победа и пораз за Македонија против Црна Гора

Македонската футсал репрезентација забележа победа и пораз двата контролни натпревари кои се одиграа на гостински терен против Црна Гора.

Првиот дуел одигран во Никшиќ мина во доминација на Македонија, која победи со резултат 2-0. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голот го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел, конечните 2-0 ги постави Таулант Исмаили.

Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.

Во вториот контролен дуел, Црногорците славеа со резултат 4-2. Домашните преку Чаласан и Николиќ обезбедија предност од 2-0, а откако Димитар Јанев пред паузата намали на 2-1, Вулетиќ и Копривица погодија во вториот дел за 4-1. Мартин Тодоровски ги постави конечните 4-2.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button