ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Почесниот конзулат на Србија и охриѓани утре ќе им оддадат почит на жртвите во масовните убиства

Почесниот конзулат на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид по повод двете масовни убиства во Србија упати повик до граѓаните утре во 11 часот да дојдат на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ и да им оддадат почит кон жртвите.
Предвидено е потоа точно на пладне заеднички да се оди на панихида за жртвите во црквата „Св. Богородица Перивлепта“.