ВЕСТИЗДРАВСТВО

Почетокот на есента го зголеми бројот на болни од сезонски грип

Временските промени го зголемија бројот на деца погодени од сезонскиот грип. Лекарите, сепак, велат дека бројот на заболени не е како пред пандемијата, кога во овој период од годината, бројот на болни деца беше многу поголем, а многу завршуваа и со тешки компликации на респираторните органи.

Advertisements

„На почеток го започнуваме третманот дома, се советува консумирање сокови, чај и витамини, ако гледаме дека не оди, состојбата се влошува, ако има силна кашлица или треска, тогаш не се препорачува да се чека, туку директно треба да се пријави кај матичниот лекар. Сезонскиот грип, исто така може да предизвика пневмонија, со инфекции на долниот респираторен тракт и високи температури кои бараат пософистициран медицински третман“, рече Флорина Хоџа, докторка.

Лекарите препорачуваат дури и кога децата се болни од грип, да одат на прошетка во природа, но да избегнуваат групирања со други.

„Изолацијата во ова време дефинитивно ја предлагаме поради Ковид и создадената ситуација. Но, исто така, многу е тешко детето да се држи изолирано, затоа треба прошетки во парк каде што нема големи групи и да се излегува на свеж воздух“, додава д-р Хоџа.

Освен ова, треба да се пијат и што е можно повеќе течности и витамини, како и да се избегнуваат затворени и непроветрени простории.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button