Почетокот на второто полугодие е одложен, наставата започнува на 1 февруари

Главниот кризен штаб за справување со пандемијата ѝ препорача вечерва на Владата зимскиот распуст да продолжи до 1 февруари бидејќи во моментов Македонија се соочува во пик во најновиот бран на вирусот.
„Во моментов епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој се препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот“, известуваат од Влада.
Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба. Експертите проценуваат дека кога и да започне второто полугодие, тоа треба да биде со физичко присуство, а маската повеќе да не треба да биде задолжителна, туку доброволна мерка.
Со ширењето на варијантата Омикрон, земјава регистрира по околу 2.000 нови позитивни случаи дневно. Сепак, оваа состојба не создаде гужви во болниците бидејќи Омикрон не предизвикува компликации во долниот респираторен тракт, но го оптоварува примарното здравство. /Алсат.мк