ВЕСТИСВЕТ

Почина Алексеј Навални, руски активист и критичар на Владимир Путин

Алексеј Навални (47) почина во поправниот затвор број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, соопшти регионалната администрација на Федералната служба за извршување на казните.

Advertisements

Во соопштението се наведува дека затвореникот Алексеј Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш се онесвестил, пишува Спутник.

Веднаш потоа пристигнале медицинските работници од установата, а повикана е и екипа за итна помош.
Исто така, се нагласува дека биле применети сите мерки за реанимација кои не дале позитивни резултати.

Причините за смртаа сѐ уште се утврдуваат.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за смртта на Навални. Тој додаде дека Федералната казнено-поправна служба врши преглед и дека не се потребни дополнителни налози.

„Колку што сега знаеме, во согласност со постоечките правила, Федералната служба за спроведување на затворските казни ги врши сите проверки, ја разјаснува ситуацијата. Не се потребни налози, бидејќи постои процедура за такви ситуации“, рече Песков.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button