ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Почина Д-р Владимир Евтимовски од Тетово поради компликации од Ковид-19

Уште еден здравствен работник ја загуби битката со коронавирусот.
Познатиот радиолог од Тетово, д-р. Владимир Евтимовски, почина поради компликации со Ковид-19 на 50 годишна возраст.
Тој за кратко време ја загубил битката со вирусот. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил во вторникот.
Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет.
Евтимоски речиси 20 години бил дел од јавното здравство, а колегите за него имаат само пофални зборови.