МЕТРОПОЛ

Почина легендата на кантри музиката, текстописец и актер, Крис Кристоферсон

Семејството на Кристоферсон ја потврдило неговата смрт во неделата навечер, велејќи дека тој „починал мирно“ дома минатата сабота.

Advertisements

„Сите сме толку благословени што поминавме време со него. Ви благодариме што го сакавте сите овие години, а кога ќе го видите виножитото, знајте дека на сите ни се насмевнува“, гласела изјавата потпишана од неговата сопруга Лиза и неговите осум деца и седум внуци.

Кристоферсон направи голем број големи хитови како „Me and Bobby McGee“ и „Help Me Make It Through the Night“. Беше и успешен актер.

Кристоферсон беше ренесансен човек – спортист со поетски сензибилитет, поранешен воен офицер и пилот на хеликоптер.

Тој напиша хитови за што доби Греми, како, „Help Me Make It Through the Night“, „For the Good Times“ и „Me and Booby McGee“, кој беше еден од последните хитови на Џенис Џоплин.

Во раните 1970-ти, кога веќе се етаблирал како пејач, започнал и актерска кариера. Една од неговите најпознати улоги е во филмот „Star is Born“ (Ѕвездата еродена) со Барбра Стрејсенд, кој беше еден од најпопуларните филмови во 1976 година. Тој исто така ги играше главните улоги во хит филмовите „Pat Garrett and Billy the kid“, „Конвој“ и „Врата на рајот“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button