ВЕСТИРЕГИОН

Почина музичката ѕвезда од поранешната СФРЈ, Крунослав Слабинац – Киќо

Почина еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, Крунослав Кичо Слабинац (76), пишува Јутарњи лист.

Advertisements

Пејачот беше опериран неколку пати во изминатите месеци и иако неговите роднини се надеваа дека сè ќе биде подобро, лекарите во неколку наврати ги подготвуваа за најлошото.

Слабинац зад себе остави два сина и бројни обожаватели.

Според претходните пишувања на РТЛ, состојбата на пејачот се комплицирала по операција на срцето.

По првата следеле уште две, кои не можело да ги издржи организмот на Слабинац.

Кичо е роден во 1944 година во Осиек, а се прослави низ целиот регион во 1970-тите.

Како пејач, композитор, гитарист и аранжер, тој постигна голем успех низ цела Југославија и е победник на многу настани на Балканот, како што се Белградска пролет, фестивали во Опатија, Сплит и други. Тој е познат како пејач на популарна музика, но и на славонска народна музика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button