ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Почина поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева
Почина Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.
„Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи.
Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.
Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.
Нека почива во мир“ пишува во објавата на владејачката партија.