Почина поранешниот американски дипломат, Хенри Кисинџер

Поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, кој имаше клучна и поларизирачка улога во американската надворешна политика за време на Студената војна, почина на 100 години во својот дом во Конектикат. Тој служеше како главен дипломат и советник за национална безбедност во администрациите на Ричард Никсон и Џералд Форд.
Иако ја напушти Белата куќа во средина на 1970-тите, Кисинџер продолжи да советува генерации лидери во следните децении.
Во неговите осум години како советник за национална безбедност и државен секретар, САД конечно ја завршија војната во Виетнам, ги почнаа односите со Кина и помогнаа да се стави крај на блискоисточната војна помеѓу Израел од една и Египет и Сирија од другата страна. Неговите напори ги поставија основите на шатл дипломатијата и во 1973 година ја доби Нобеловата награда за мир.
Иако ја напушти владината служба во 1977, Кисинџер продолжи да биде јавен коментатор на меѓународните односи и неговите совети беа барани од Кенеди до Бајден. Тој беше единствениот Американец кој директно разговарал со сите кинески лидери од Мао Це Тунг до Ши Џинпинг.