ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Почина повредениот од претрелката на Бит Пазар
Почина повредениот од претрелката на Бит Пазар

Во скопската болница почина 30-годишниот Алајдин Сулејмани од арачиново, кој беше застрелан во населбата Дуќанџик, во близина на полициската станица Бит Пазар, околу 14 часот. МВР соопшти дека пукањето се случило на улицата „Војдан Чернодрински“ и дека се работи за престрелка меѓу две групи. На местото на настанот полицијата пронашла многу чаури, а оштетени се и неколку излози на околните продавници, како и неколку паркирани возила. Полицијата презеде мерки за расчистување на случајот.