ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Починатите во несреќата во Кочани на возраст од 16 до 48 години

Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години.

Advertisements

Според официјално објавените податоци, шестмина се на возраст од 21 година, а на возраст од 18 и 36 години загинати се по четири лица. На 16-годишна возраст загинати се тројца, исто толку и на 17-годишна возраст и на 25 години. По двајца загинати има на 20, 23, 27, 31, 38 и 44 години. По еден загинат има на возраст од 19, 29, 32,33, 43, 47 и 48 години.

Починатите во пожарот во Кочани денеска ќе бидат погребани на вечните почивалишта во Кочани, Штип, Облешево и Скопје.

Трагичната несреќа се случи рано неделата во дискотеката „Пулс“ каде настапуваше групата „ДНК“. Во несреќата животот го загубија и голем дел од членовите на групата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button