ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна издавањето на новите лични карти, со новото име на државата

Од денеска граѓаните можат да си ги подигнат новите лични карти. Тие се со новото уставно име – Република Северна Македонија и со употреба на албанскиот јазик.

Advertisements

„Издавањето на нови лични документи допрва почнува да ги полни управните одделенија на министерството за внатрешни работи. Иако пред влезот на МТВ нема гужва, сепак внатре редици граѓани чекаа за да си земат нова лична карта.“

Имаше и граѓани кои денеска не ја добија личната карта, иако за неа се фотографирале пред еден месец.

„Се фотографиравме пред еден месец, но уште не е готова. Не е стигната, велат – И што ви велат од МВР? – Ништо, само не е стигната. Треба да се провери друг пат. – А, ви кажаа за колку време ќе можете да ја добиете новата лична карта? – Не“.

„Има гужва. Се чека. – Вие вадевте нова лична карта? – Да. ми рекоа за 10 дена, па наредната недела, и така. Сега другата недела треба да одам. – За новите лични карти што ги издаваат? – Да, за новите. – И уште не ви е издадена? – Не, е уште. – Кога се фотографиравте? – Пред 15 дена“.

Камерата на Алсат најмногу регистрира граѓани кои земаа нов пасош, а само еден граѓанин зема нова лична карта, но не беше расположен за изјава.

„Не треба повеќе“.

„Чекавме околу 20 минути. Немаше многу гужва, ама имаше многу позади нас. – Вадевте нова лична карта или? – Не, пасош беше, го заменив стариот ми беше истечен“.

Нови лични карти треба да подигнат повеќе од 40.000 граѓани.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button