Почна Охридскo лето, ќе настапи и холивудскиот актер Џон Малкович

Во Охрид започна 63-то Охридско културно лето на кое ќе настапат повеќе од 1.000 уметници од целиот свет. На отварањето синоќа пееше романската оперска певица Анџела Георгиу во прудружба на Националната опера и балет. Најексклузвниот настан оваа година ќе биде доаѓањето на американската холивудска филмска ѕвезда, Џон Малкович. Тој на 26 јули на Античкиот театар ќе глуми во претставата „Вечер на Џон Малкович“ во придружба на сопраните Чен Реис, Сузан Лангбеин и оркестарот на Виенската академија.
„Не беше тешко никој да се донесе годинава. Сепак, траеја подолго време преговорите и со Анџела Георгиу и со Џон Малкович, кој ни доаѓа од престижниот црвен тепих во Холивуд…“, рече Наташа Поповиќ, директорка на Охридско лето.
За разлика од минатите години нема ниту еден уметник од Косово и Албанија, додека од албанските уметници од Македонија, пијанаистката Мимоза Ќека од Скопје, која ќе настапи на 16 август во Света Софија и Дино Имери на пијано. Фестивалот завршува на 20-ти август.
Мики Трајковски