
Пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во моментов започна најавениот протестот на неговите членови. Преку него ќе се изрази незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и ќе се побара минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата. Ќе се бара и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.
Како што е најавено протестот ќе започне пред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот.