ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна првата фаза од пописот на населението

На почетокот на првата фаза од пописот, граѓаните на Македонија што живеат во странство имаа голем број жалби. Некои од нив на електронската адреса на Алсат телевизијата испратија фотографии, каде јасно се гледа дека е невозможно да внесат податоци. Тие се пожалија дека официјалната онлајн платформа на Државниот завод за статистика не работи. Директорот на Заводот Симовски рече дека процесот на попис на дијаспората се одвива без некои позначајни проблеми.

Процесот на попис започна и за затворениците, кои низ целата земја се над 2.200 лица. На пописот на затворениците во затворот на Куманово лоциран во селото Кшање присуствуваше министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Според Законот за попис на населението, граѓаните родени во Македонија, но кои живеат во странство повеќе од една година, имаат можност да се попишуваат онлајн од 1 март до 21 април.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button