ВЕСТИСВЕТ

Почна средбата на делегациите на САД и Украина во Саудиска Арабија

Делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина ја започнаа средбата во Џеда, Саудиска Арабија, соопшти утринава украинското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот тим го претставуваат шефот на канцеларијата на Зеленски, Андриј Јермак, советникот за национална безбедност на земјата и министрите за надворешни работи и за одбрана. Дел од тимот на САД се државниот секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Advertisements

Пред средбата, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак во објава на Телеграм соопшти дека украинската делегација е подготвена за клучните разговори со САД.

„Нашиот тим пристигна. Се подготвуваме за работа. Бранејќи ги интересите на Украина и јасната визија за ставање крај на војната, ефективно ќе работиме со нашите американски партнери“, објави Јермак.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button