ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Почна судењето за нападот на Пендиков

Во основниот суд во Охрид почна судењето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат. Присутен е првoобвинетиот како и застапникот полномошник на Пендиков.
Според обвинението, напаѓачот, заедно со уште едно лице од Битола, од омраза поради националната и етничката припадност, му нанеле тешки телесни повреди на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид.
На судењето не е присутен Христијан Пендиков, а присутни се голем број новинарски екипи од Бугарија.