ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнаа подготовките за Бајрам

Почнаа подготовките за Бајрам

Додека речиси целиот главен град е празен поради празникот Велигден, на пазарот кај Бит Пазар изгледа како вообичаен работен ден…
Граѓаните почнаа со подготовките за празникот Бајрам, најголем дел од нив започнаа со купување облека за деца. Се жалат на многу високи цени.

Advertisements

„Добро, скапо е, излеговме да купиме нешто за нашите внуци, но скапо е“, рече еден купувач.

– Дали ги направивте другите подготовки, храната… Не, не денес, излеговме само за алишта“.
„Не излегов за друга работа, но обично сите луѓе што излегуваат сега во ова време, излегуваат да се подготват за Бајрам“, рече друг.

Продавачите имаа поделени мислења. Оние кои продаваат производи поврзани со празникот Бајрам се радуваат, други велат дека не се разликува од другите денови.

„Има мал интерес, но не е како другите години. Луѓето немаат пари, има малку работа, не е како минатите години“, изави еден продавач.
На зелениот пазар нема разлика, продавачите и купувачите велат дека се купуваат секојдневни работи.

„ Моментално, не, гледате дека моментално нема луѓе… Работата е што ние имаме работа по петтиот месец, за Бајрам засега нема луѓе“, додаде друг пордавач.

По продолжениот викенд, дел од вработените се враќаат на работа по неколку дена, пред следниот продолжен викенд за празникот Рамазан Бајрам./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button