ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнаа подготовките за отстранување на отровниот линдан од ОХИС

Подготовките за чистење на депонијата со линдан од фабриката ОХИС се при крај и наскоро оваа еколошки опасна материја ќе биде отстранета. Министерот за екологија, Насер Нуредини, досегашните доцнења ги оправда со мерките за заштита за жителите околу фабриката. По расчистувањето на теренот и другите заштитни мерки поставена е механизацијата за чистење на малата депонија.

Advertisements

Процесот ќе чини околу 9 милиони евра. За ова, канцеларијата на ЕУ во Скопје ќе придонесе со 2,5 милиони евра, а воспоставена е соработка со норвешката влада и со агенции на Обединетите нации. По чистењето на линданот од малата депонија, ќе следи чистење на големата депонија и отстранување на остатоците од жива.

Запрашан за решението на проблемот со депонијата на излезот од општина Арачиново, министерот Нуредини рече дека продолжуваат подготовките за изградба на депонии во сите региони во државата, но не даде конкретен рок. Нуредини рече дека очекува пратениците да го поддржат предлог-законот доставен до Собранието за животна средина, со кој ќе се овозможи почеток на работа на идентификување на депониите, носење на методологија за ревитализација и воспоставување финансиски механизми за обезбедување средства за сите црни точки во државата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button