СВЕТ

Почнува Минхенската безбедносна конференција

Во главниот град на Баварија денеска почнува 61. Минхенска безбедносна конференција. Во услови на зголемени глобални тензии, овогодинешниот собир, што ќе се одржи од 14 до 16 февруари во хотелот Бајеришер Хоф во Минхен, ќе собере светски лидери, креаторите на политиката и експерти за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.

Advertisements

Според претходните неофицијални најави, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, на конференцијата би можел да го претстави планот на администрацијата на Трамп за ставање крај на војната во Украина, а шефот на МСЦ Кристоф Хојсген изрази надеж дека мировниот проект може да се оформи за време на конференцијата во Минхен.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак претходно изјави дека украинската делегација ќе го претстави ставот на таа држава за завршување на војната и нивната „визија за постигнување траен мир“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button