ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почнува објаснувачкиот скрининг за кластерот „Конкурентност и инклузивен раст“

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ од денеска престојува во Брисел по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“. Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската Комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button